Македонија

За не носење лична  заштита на лице МВР во 24 часа казни 975 лица

Во текот на изминатото деноноќие (08/09.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се  975 прекршоци.

фото: Архива

На почеток