Македонија

Заев за „Фокус“: Боки лаже зашто јас го пријавив случајот и одбив да му помогнам

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за „Фокус“ вели дека одбил да му помогне на Бојан Јовановски-Боки 13 за случајот „Рекет“, па затоа тој лаже кога вели рекетираните пари да се бараат кај Вице и Зоран Заев.

„Денешната пресуда за овој случај е потврда дека правдата функционира независно за кого станува збор. Заврши времето кога политичари се јавуваа во правосудството за да заштитат прекршители на законот. И покрај тоа што сите докази за случајот познат во јавноста како ’Рекет‘ ѝ се добро познати на јавноста, сепак, Бојан Јовановски вака јавно да лаже е од единствена причина што, според мене, токму јас го пријавив овој случај и секако ги одбив сите барања од него преку посредници за да му помогнам во судскиот процес“, истакна Заев за„Фокус“.

Инаку Боки 13 по пресудата во краткото свое излагање истакна дека пресудата е политичка.

„Ова е ден на политичка кампања, донесовте политичка пресуда … Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви“, истакна Боки 13.

 

фото: Архива

 

На почеток