Македонија

(ВИДЕО) Фрлена експлозивна направа на семејната продавница на Мисајловски во Ѓорче

Околу 3 часот утрово во малата продавница на главната улица во Ѓорче Петров која што моето семејство ја работи со децении, фрлена е експлозивна направа и причинета е материјална штета, напиша на фејсбук Владо Мисајловски.

Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017 та година имаше пожар во мојот дом.

Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите!

Нема потреба од нервоза, промените се незапирливи. Македонија е мојот дом, и јас од него не се откажувам и огромен мотив плус да се сменат работите.

И да на крај ќе додадам, Македонија ќе победи!

Стои во објавата на Фејсбук профилот на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

 

https://www.facebook.com/misajlovskivlado/videos/545685426127738/

 

На почеток