Македонија

Денеска променливо облачно со услови за појава на локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за појава на локален дожд, а во јужните делови ќе преовладува сончево време. Попладне, пред сѐ во планинските региони, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, и ветер долж Повардарието.

Максималната темпертаура ќе достигне од 21 до 30 степена.

Од утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со почеста појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Условите за нестабилност ќе се намалат кон средината на работната недела.

фото: Архива

На почеток