Двајцата млади кичевци, Лавдрим Велиу и Алит Билали гледајќи ги тешкотиите со кои се соочува едно момче од ромска националност со посебни потреби , 20-годишниот Атилан Асаноски, решиле заедно да му помогнат за да му се олесни движењето, Објави Сител.мк.
Тие обезбедиле специјален електричен мотор кој ќе му овозможи на Асаноски со помалку потешкотии и поудобно да се движи низ градот.