Македонија

Во Србија „цвета“ бизнис со тестови за корона, фалсификуван негативен ПЦР-тест чини 50 евра

Македонските превозници што се приморани при влез во Македонија да покажат ПЦР-тест за ковид-19 не постар од 72 часа, предупредуваат дека во јужна Србија тоа станува добар илегален бизнис. Негативни ПЦР-тестови може да се купат дури и на бензинска пумпа кај Врање, објави Мкд.мк.

Македонските граѓани што во татковината се враќаат преку аеродромот во Ниш на македонските безбедносни служби им пријавиле дека уште на самиот аеродром имаат можност за 50 евра да купат фалсификуван негативен ПЦР-тест.

И превозниците што влегуваат во Македонија на граничниот премин Табановце пријавуваат дека за 65 евра таков негативен тест без проблем можат да купат по бензинските пумпи кај Врање.

Текстот во целост на: МКД.МК

 

На почеток