Македонија

Авио компанијата „ЛОТ“ започнува нови летови кон Охрид и Тиват

Полската авио компанија „ЛОТ“ следниот месец ќе воведе нови летови кон Охрид и Тиват. Тоа се случува откако авио компанијата ги објави плановите за започнување на тринаесет нови линии кон Хрватска.

Полскиот превозник почнувајќи од 5-ти јули ќе започне со сезонски летови на релација Варшава – Охрид кои ќе се одвиваат три пати неделно. Освен тоа, компанијата најавува  продолжување на линијата Варшава – Скопје од 3-ти јули, што првично ќе се одвива на намалена основа од два лета неделно. Деталите за новите летови Варшава – Охрид се како што следува.

LOT Polish Airlines launches three weekly flights to Ohrid:

Flight number: LO8545

Departure city: WAW

Departure time: 07.15
Arrival time: 09.30

Arrival city: OHD
Aircraft type: E195

Day operating: -2–5-7

RETURN

Flight number: LO8546

Departure city: OHD

Departure time: 10.30

Arrival time: 12.45

Arrival city: WAW

Aircraft type: E195

Day operating: -2–5-7

Покрај новите сезонски летови на релација Познан – Подгорица кои беа објавена вчера, авио превозникот ќе започне и со летни летови помеѓу полската престолнина и Тиват. Летовите ќе започнат на 5-ти јули и ќе се одвиваат двапати неделно.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во ноември минатата година ја претстави туристичката понуда на државата на интернационалниот саем за туризам “TTWarsaw” во Полска, придружувана од три домашни тур-оператори. Тогаш директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски изјави дека оствариле останокот со полската авиокомпанија ЛОТ, на кој биле промовирани плановите за 2021 година, како и можноста авиолинијата на релација Варшава-Охрид да прерасне во редовна линија, два пати неделно во текот на целата година. Повеќе од очигледно дека и покрај пандемијата доколку се почитуваат протоколите овие најави ќе се реализираат.

Инаку Владата најави дека од 1 јули, ќе се отворат двата меѓународни аеродроми во земјава, во Скопје и Охрид, но засега нема најава кога ќе полета и првиот авион. ТАВ Македонија информираше за протоколите по кои ќе се одвива приемот на патници и мерките кои се преземаат за нивна контрола и заштита.

„Она што е најважно за патниците е следното – да пристигнат на аеродромите најмалку 3 часа пред нивниот лет, да стават заштитна маска пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот, да ги дезинфицираат обувките и рацете на самиот влез во зградата и постојано да одржуваат физичко растојание”, вели генералниот директор на ТАВ Алпер Ерсој.
Во аеродромската зграда во иднина ќе можат да влегуваат само патниците. Семејствата и пријателите ќе мора да останат пред објектот. Дали некој патник ќе може да отпатува на посакуваната дестинација ќе одлучува скенирањето со термална камера кое треба да покаже дали има зголемена телесна температура. За да се избегнат турканици на шалтерите, од ТАВ препорачуваат сите патници да ги користат онлајн услугите за регистрација на патници и багаж.

Инаку скопскиот и охридскиот аеродром се затворени за патнички летови од 19, односно 16 март годинава. Најавата за нивно повторно отворање не значи дека од истиот ден ќе започнат и летовите. Кога повторно ќе започнат авионските линии зависи од авиокомпаниите како и од земјите до чии дестинации се лета.

Според најавите, Европската комисија ќе препорача отворање на границите на ЕУ за туристички патувања од Северна Македонија од 1 јули годинава.
Од ТАВ им препорачуваат на сите патници да ги следат веб-страниците skp.airports.com.mk/ и ohd.airports.com.mk/ за да се информираат за измените во редот на летање.

 

Деталите може да ги погледнате на овој линк 

 

 

На почеток