Љупчо Андоновски, советник на министерот Наќе Чулев, кој го придружуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во кафеаната на Боемска улица даде исказ во полициска станица. Андоновски пред медиумите го правдаше Мицкоски, велејќи дека тој договорил со газдите на кафеаната да седнат во затворениот дел на објектот, иако тоа беше забрането со уредба донесена од Владата. Според Андоновски, ваквото прекршување на мерките не е значајно како други работи кои се случувале во државата.
„Па ништо не се случи, дадов исказ пред колегите, им објаснив како беше настанот. Мене ми е жал што толкаво медиумско внимание предизвика овој настан. Има многу позначајни работи кои се случуваат во државава, но за жал, интересно им беше дека сум бил на ручек со претседателот Мицксоки, им објаснив како беше и сакам сега на сите вас да ви кажам. Сега сакам јас да ви кажам дека јас се договорив со еден од сопствениците, бидејќи не работеше винаријата, го замолив еден од газдите на винаријата дали може да отвори да седнеме со еден пријател, тој не знаеше кој е. Откако отидовме таму, кога виде дека е дојден Христијан Мицкоски, сопственикот не послужи со пијалок, седнавме и поразговаравме околу час, час и половина. Потоа, тој ја напушти винаријата, по него јас“, рече Андоновски.
фото: Архива
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)