Свет

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите светски конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет со цел да се олесни борбата против коронавирусот.

Резолуцијата, за која се гласаше писмено, заеднички ја предложија Франција и Тунис, кои веднаш го пофалија нејзиното усвојување.

Некои експерти се сомневаат дека резолуцијата практично ќе се спроведе затоа што беше предложена веќе пред неколку месеци, а тоа, како што проценуваат, влијаело на падот на кредибилитетот на Советот за безбедност.

фото: Архива

На почеток