Македонија

ДИК го заклучи избирачкиот список

Денеска е заклучен избирачкиот список, претседателот на ДИК Оливер Деркоски кажа дека  списокот е чист и ги содржи податоците на сите полнолетни граѓани кои имаат наполнето 18 години и имаат државјанство. На Избирачкиот список се запишани точно еден милион 814 илјади 263-ца граѓани.

Поделени се во шест изборни единици, а во нив, општина со најголем број гласачи е Куманово со 93 илјади 600, а општина со најмал број гласачи е Лозово – помалку од 2 илјади.

На посебни изводи од овој список се: 83 илјади граѓани на привремен престој во странство, илјада и 600 кои отслужуваат затворска казна, 357 сместени во старски домови и 6 лица кои се уште се водат како внатрешно раселени.

Оние кои ќе добијат позитивни тестови меѓу 8 и 15-ти јули, нема да можат да гласаат.

На почеток