Македонија

Затвореник во Идризово заразен од ковид–19, десет затвореници во изолација

Во затворот во Идризово регистриран е првиот затвореник позитивен на коронавирусот. Покрај заразениот од вирусот, во изолација се уште десет затвореници од неговата и соседната ќелија кои имале контакт со него.

Како што информира директорот на затворот Боби Мојсовски за МИА, затвореникот кој бил од Велес, бил на викенд од 24 до 27 јуни и на 30 јуни пријавил дека има покачена темпаратура при што му е направен тест за Ковид кој бил позитивен.

фото: Архива

На почеток