Македонија

Кацарска: Со ваквата негативна кампања ВМРО ДПМНЕ си прават повеќе штета

Судијката Добрила Кацарска која исто така се најде на еден од последно објавените изборни спотови од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за ТВ21 вели дека ова не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја споменуваат во кампања.

„Со ваквата негативна кампања сметам дека прават повеќе штета на својата партија. Партиите добиваат државни пари, за да ја рекалмираат својата кампања и своите кандидати“, изјави Добрила Кацарска за ТВ21.

Кацарска додава дека со ова, партијата ги злоупотребува парите на даночните обврзници.

Инаку во изборен спот на ВМРО-ДПМНЕ, се наоѓа и обвинителката Вилма Рускоска која за ТВ21 вели дека веќе поднела и опомена пред тужба до партијата.

фото: Архива

На почеток