Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно.
Како што може да се види во видеото објавено од Н1 Телевизија, тројца момчиња седат мирно на клупа во Пионирски парк, кога група полицајци им приоѓаат и почнуваат да ги тепаат со палка.
Во еден момент, едно од момчињата се гледа како ги крева рацете во воздухот додека полицијата им приоѓа.
kakav jeziv i nicim izazvan napad na goloruku policiju
— Platipus Griša 8 (@kazi_tibi) July 7, 2020
Момчињата кои беа претепани се вратија на истата клупа по неколку минути. На социјалните мрежи веќе ги нарекуваат херои на протестите.
фото: N1