Форумот на слободоумни патриоти преку отворено писмо до јавноста ги повикува граѓаните на 30-ти септември заедно да ги испишат, како што наведуваат црвените линии.
„Нема промена на Устав, се со цел промена на Уставното име Република Македонија, нема бришење на термините Македонија и македонски од Уставот на Република Македонија, нема бришење на Македонскиот народ од Уставот на Република Македонија“, се наведува во соопштението на здружението Форум на слободоумни патриоти.
„Во немање на успеси во последните 18 масеци од кога се на власт почнаа да ни кажуваат приказни како ќе сме биле дел од ЕУ и дел од НАТО. Но вистината е дека токму тие се против нашето членство во ЕУ и НАТО, против се зошто не ќе можат да си делат тендери под рака, не ќе можат да си делат финансиска помош на нивните фирми, не ќе можат шверцерски да си делат стипендии за нивните деца, не ќе можат да бидат на чело на организираниот криминал во Македонија и уште многу други нешта. Ако навистина беа за наше членство во ЕУ и НАТО имаа можност во овие 18 месеци како се на власт вистински да го покажат тоа, да спроведат барем една реформа“, се наведува во соопштението.
Референдумот на 30-ти септември, велат од здружението во соопштението, не е за наше членство во ЕУ и НАТО, референдумот е за амнестија на оваа власт и за нејзино преживување до следните избори, и додаваат дека на 30-ти септември не смее да се амнестира потпишувањето на договорот од Преспа.
„Референдумот во Република Македонија нема да успее, без разлика на сите уцени и сите закани кои се упатуваат во последниот период. Без разлика на сите лаги и манипулации во јавноста, ние Македонскиот народ нема да гласаме за свое укинување и бришење од картата на народите во светот“, се наведува во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.