Свет

(ВИДЕО) Во Белград огромни редици за тестирање на коронавирус

Огромни редици за тестирање на коронавирус беа забележани пред институтот „Торлак“, во Белград.

Редовите се долги неколку стотици метри, пишува „Блиц“.

Епидемиолошката состојба во Србија со денови е критична и бележи драматичен скок на бројот на новозаболени, а вчера е евидентиран најголем број лица на респиратори од почетокот на епидемијата, дури 170.

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 8.659 лица за коронавирусот, 344 од нив биле позитивни, а 13 лица починале.

фото: Glas javnosti

 

На почеток