Инцидент во Охрид на кружниот тек на пресекот помеѓу во Туристичка и улицата Стив Наумов. Неофицијално дознаваме дека предмалку избила тепачка поради сообраќајна несреќа во која учествувале два мотори.
Од СВР Охрид потврдија дека има инцидент и додаваат дека екипа на СВР е на местото на настанот.
Инцидентот не е поврзан со изборите како што се шират лажните вести по социјалните мрежи.