Македонија

Одѕивот до 15 часот е 31,7 отсто

Според податоците на официјалната интернет-страница на ДИК, од обработени 3 435 избирачки места, на гласање до 15 часот излегле 576 676 лица со право на глас.

Во проценти, одѕивот до 15 часот изнесува 31,78 %.

По изборни единици, излезеноста се движи од 22,85% во ИЕ6, до 37,24% во ИЕ3. Во ИЕ 1 гласале 34,51 % од запишаните избирачи, а во втората изборна единица одѕивот е 29,96%. Во ИЕ 4 гласале 35,56%, а во ИЕ 5 правото на глас го оствариле 31,51% од избирачите.

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија Адмир Шабани вели дека инцидент немало. Недоразбирањето било надминато, а процесот на гласање не бил спречен во ниту еден момент.

„ Во Бутел се работело за едно недоразбирање кое е надминато. Немало ниту прекин ниту било каков друг инцидент во конкретното избирачко место“, рече портпаролот Шабани.

 

На почеток