Препукувањата помеѓу актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не престанува, се бараат оставки од претседателот Христијан Мицкоски дури и од луѓе кои до пред скоро време важеа за негови приврзаници. Никој не објаснува зошто внатрепартиските препукувања сега се пред очите на целата јавност и дали тоа значат нови поделби.
Дел од јавноста споделувајќи фотографии на социјалните мрежи прашува дали навидум заострените кавги се театар. На социјалните мрежи се коментира дека Ивица Конески кој важи за близок до Сашо Мијалков, а бара оставка од Христијан Мицкоски, тоа го прави за да им се наметне на групата независни експратеници и Митко Јанчев, кои први, по изборите, побараа да биде ослободен тронот на ВМРО-ДПМНЕ. Шпекулациите одат до таму што се коментира дека крајната цел е Конески да биде избран за нов претседател на партијата со помош неговите пријатели. Но, за точноста на овие тврдења засега нема одговор, а веројатно се ќе се знае откако ќе биде составена Влада и конечно ќе биде заокружен изборниот процес.
Коневски: Мицкоски да си поднесе оставка ако изгуби на избори!
За потсетување, во ист ден кога Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ очекувано даде поддршка за измени на Статутот на партијата, но и поддршка за Мицкоски да преговара за формирање влада, сѐ уште актуелните пратеници на опозицијата, Никола Попоски и Даниела Рангелова, се приклучија кон повиците за оставка на Мицкоски.
Гласовите за оставка на Мицкоски станаа хор
Додека дебатите на партиските тела се зад затворени врати, јавно Мицкоски добива и поддршка на Фејсбук. Случајно или не, пред неколку дена и во рок од неколку часа, десетина членови на највисокото партиско раководство и идни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ објавија заеднички фотографии со Мицкоски со пораки за поддршка на лидерот.