Втората најнаселена држава во Австралија потврди нови 532 случаи на зараза, а уште 17 има во остатокот од земјата, што е најголема бројка од почетокот на пандемијата. Во Викторија сега има повеќе од 4.500 активни случаи, како и 77 починати од ковид-19, што е речиси половина од националниот трагичен биланс.
„Ако имате треска, главоболка, ако ве гребе грлото, не одете на работа. Тоа е она поради што бројките растат и карантинот нема да заврши доколку луѓето не престанат да одат на работа со симптоми. Место тоа, одете да се тестирате“, изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус.