Денеска продолжи судењето за поранешниот судија и претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.
Во судница денеска како сведоци беа повикани поранешниот В.Д. претседател на Кривичен, Стојанче Рибарев како и актуелниот шеф на скопска единица Иван Џолев. Панчевски е обвинет за манипулации на АКМИС системот и поради тоа што предметите наместо електронски ги делел на рака кај судии кои сметал дека му се од доверба додека беше на чело на Кривичен.