Македонија

Коха: Договорена е коалицијата СДСМ, ДУИ и ДПА

Рамките за соработка на владата за следните четири години веќе се поставени. Весникот Kоха дознава дека коалицијата СДСМ-БЕСА ќе коалицира со ДУИ на Али Ахмети, а дел од Владата ќе биде и ДПА, на чело со Мендух Тачи. Со ова, парламентарното мнозинство ќе има 62 пратеници.

Официјални лица од обете политички партии потврдуваат за Kоха дека официјализирањето на коалицијата ќе се случи по 4 август, кога се очекува Заев, Ахмети и Билал Касами да ја официјализираат следната влада на јавна средба.

Kоха исто така дознава дека е постигнат договор за премиерското место – за СДСМ 3 години и 1 година за ДУИ. Останува само да се договори која партија ќе го има ова место во првата година, велат високи функционери од обете страни за весникот Коха.

На почеток