Свет

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот „Црвена звезда“ во Белград. Дваесетина припадници на полицијата влегле во куќата на бегалецот и во неа пронашле уште еден српски државјанин, како и лабораторија за одгледување марихуана. Во акцијата уапсени се двајцата Срби.

На местото на апсењето е пронајдено и возило украдено во Португалија.

Истрагата започнала во мај, кога полицијата дознала дека има индиции дека бегалецот се крие во Шпанија, а потоа успеале да го лоцираат во неговиот дом во Малага.

 

На почеток