Решението бр.15-14082/1 од 1 јуни 2020 година, коешто се споделува на социјалните мрежи со штембил на „Еуростандард банка“ АД Скопје, не е документ со којшто се укинува дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје. Со ова решение, на Банката, согласно со Законот за банките ѝ беше повлечена согласноста за извршување само на одреден вид финансиски активности – тргување со хартии од вредност во странство, финансиски деривати и сл., за коишто не ги исполнуваше посебните законски услови за да ги извршува. За истото беше информиран и регулаторот на пазарот на капитал, се вели во соопштението од Народна банка.
Народна банка: Дозволата за работа на Еуростандард е укината на 12 август, а не на 1 јуни
Од
Објавено на