Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Адвокатката на Деко подготвува гаранција: „Имам впечаток дека има притисок да се најде што било за да му се продолжи притворот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryqurl59lj3o3v4fEtFJJ

Одбраната на Дејан Јованов-Деко, првообвинет во судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, подготвува гаранција со која ќе бара неговото присуство во понатамошниот тек на судењето да биде обезбедено без притвор, изјави неговата адвокатка Ивана Коцевска.

Јованов може да остане во притвор најдоцна до 3 октомври годинава, кога истекува максималниот законски рок од една година од оценката на обвинителниот акт.

— реклама —

Коцевска вели дека одбраната подготвува гаранција токму за да се обезбеди дополнителна сигурност дека обвинетиот ќе биде достапен за судот во текот на понатамошната постапка

„Заради поголема сигурност дека ќе биде достапен во текот на натамошната постапка, одбраната подготвува гаранција со која ќе се даде поголема сигурност“, рече Коцевска.

Таа истовремено изнесе сомнеж дека се прават обиди да се пронајде основа поради која Јованов би останал во притвор и по истекот на законскиот рок.

— реклама —

„Јас добивам впечаток дека има притисок да се најде што било за притворот да се продолжи. Тука притворот по сила на закон не може да продолжи, така предвидува законот, одбраната не е виновна за тоа“, рече Коцевска.

Според неа, гаранцијата би била доволна мерка за да се обезбеди присуството на Јованов во обемниот судски процес.

— реклама —

„За да не се злоупотребат правата на обвинетиот, за да измислат нешто ново, а и за да не се доведеме до тоа да не се спроведе фер постапката која ја бараме, мислам дека гаранцијата би била доволна за да се истера целиот процес, кој е обемен, а и тоа не е по вина на одбраната“, изјави Коцевска.

Основниот кривичен суд Скопје претходно за „Скопје1“ потврди дека притворот на Јованов е продолжен до 3 октомври 2026 година. Обвинителниот акт во предметот бил оценет на 3 октомври 2025 година, а според законското ограничување, притворот во оваа фаза може да трае најмногу една година од оценката на актот.

„Мерката притвор, определена против првообвинетиот Дејан Јованов, од страна на кривичниот совет е продолжена до 03.10.2026 година, имајќи предвид дека Обвинителниот акт е оценет на 03.10.2025 година и согласно законските одредби мерката притвор може да трае до најмногу една година од оцената на актот“, соопштија претходно од Кривичниот суд за „Скопје1“.

По истекот на овој рок, според информациите што Судот ги достави до „Скопје1“, треба да бидат определени други мерки за обезбедување на присуството на Јованов во понатамошната постапка.

Дејан Јованов-Деко е првообвинет во судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

IMG_5515

Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри сериозни противречности во исказот на вештакот Русевски

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

Вештакот на одбраната за „Пулс“ тврди дека објектот ги исполнувал основните минимални технички услови за угостителска дејност – кабаре

Македонија | пред 5 дена

media-libraryf0u7vqq2ekmj8jMmxJn

Двајца или тројца луѓе биле потребни за да се извлече едно лице од дискотеката, сведочеше пожарникар за трагедијата во „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

IMG_5515

„И Бурџ Калифа ќе испадне занаетчиска работа!“ – родителите на загинатите во „Пулс“ револтирани од вештачењето претставено во судот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања