„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Адвокатот Туфегџиќ потврдува: Разговорот е автентичен, се слуша гласот на таткото на Вања

објавено пред 2 години -

Македонија
tufegdzik-tatko-1

Автентичен е разговорот кој е објавен во јавност, а гласот е на Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, потврдува Владимир Туфегџиќ, адвокат на обвинетиот за „Скопје1“. Прашан кога се водел разговорот, кој го снимил, каде се водел – Туфегџиќ кажа дека ќе се воздржи од коментари. Адвокатот најави дека ќе бара прием во скопското Јавно обвинителство веќе во вторник, кога е првиот работен ден на институцијата.

— реклама —

„Како бранител на Александар можам да потврдам дека на јавно објавените аудио материјали се слуша гласот на Александар, таткото на несреќното дете, и разговорот е автентичен.

За сите други детали поврзани со конкретниот објавен видео запис, поточно за времето и местото на случувањата, ќе се воздржам од коментар во интерес на истрагата и истите ќе ги споделам со надлежниот Јавен обвинител, за што ќе побарам прием во Јавното обвинителство во вторник“, вели Туфеџиќ за „Скопје1“.

— реклама —

Како и од кого се искреирани овие тонски снимки, ќе треба да утврди истрагата.

„Секако истражните органи ќе треба дополнително да утврдат, како и на кој начин се креирани овие аудио записи, и како истите се нашле во посед на други лица“, додава Туфегџиќ за „Скопје1“.

Претходно, објавивме дека гласот во снимката од српскиот политичар Срѓан Ного е на обвинетиот Ѓорчевски. Во снимката се слуша како таткото, објаснува за две возила кои поминале кај кафуле близу Министерството за култура, во Дебар Маало.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања