Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Аеродром секојдневно на терен: Се уредуваат јавните површини и се расчистуваат дивите депонии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-library7am0t9kct1pg9IsJTkx

Екипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно се на терен и работат на одржување на хигиената и уредувањето на јавните површини во општината, соопштуваат од Општината.

— реклама —

Активностите опфаќаат косење на тревниците, чистење и уредување на улиците и пешачките патеки, собирање отпад, како и средување на дрвјата и гранките на повеќе локации. Паралелно продолжува и расчистувањето на дивите депонии.

Од општината посочуваат дека екипите континуирано интервенираат на локациите каде што има потреба, со цел создавање почиста, поуредна и поздрава животна средина за жителите.

— реклама —

Во тек е и поставување нови и обновување на постојните клупи за седење, додека се реконструираат и детските и спортските игралишта. Со овие активности, како што наведуваат од Општина Аеродром, се создаваат подобри услови за игра, спорт и рекреација.

— реклама —

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, апелира до граѓаните одговорно да го одлагаат отпадот и да не создаваат диви депонии, нагласувајќи дека чистотата е заедничка одговорност.

„Чист и уреден Аеродром е заедничка грижа и придобивка за сите нас. Општината и комуналните служби продолжуваат секојдневно да работат на терен, но за трајно и одржливо решение е неопходно и одговорно однесување од секој поединец“, посочува Митески.

— реклама —

За граѓаните кои имаат поголемо количество отпад од своите домови, ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром овозможува негово преземање и правилно депонирање во ЈП „Дрисла“, со минимален паричен надомест.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo49r79nrg16a806ecoG

Градоначалникот на Аеродром ја објави како пример за неодговорност поради оставање стар мебел покрај контејнер, таа во коментар му врати: „Платив за подигање, очекувам извинување“

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryf6lc61gla07e5IsYqSb

Остатоците од паднатите дрвја во Аеродром сè уште не се собрани, граѓаните реагираат на состојбата

Скопје | пред 3 седмици

skopski-aerodrom-skopje-patnici

Скопскиот аеродром меѓу европските рекордери: Патничкиот сообраќај пораснал за 34,8 отсто

Македонија | пред 1 месец

bez-voda

Аеродром денеска без вода поради водоводен приклучок

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања