Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

AFP: Мировниот план на САД би ѝ дал на Русија територија колку еден Луксембург без борба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-libraryud6tdojutgsp4NmuVMx
Х

Спроведувањето на американскиот мировен план за Украина, во формата во која моментално се разгледува, би резултирало со тоа Русија да добие речиси 2.300 квадратни километри нова територија – површина речиси еднаква на Луксембург, пресмета француската агенција AFP, користејќи податоци од Институтот за проучување на војната (ISW).

Според документот, Украина би се повлекла од речиси 5.000 км² во Донецка област и 45 км² во Луганска, додека Русија би вратила делови од Харквивската, Днипропетровската, Сумската и Чернихивската област, во вкупна површина од околу 2.770 км².

— реклама —

AFP оценува дека планот фактички „би ѝ предал на Русија околу 20% од украинската територија, во замена за враќање на помалку од 0,5%“.

Што предвидува планот?

Во членот 21 од мировниот предлог стои:

— реклама —
  • Крим, Луганск и Донецк се признаваат како де факто руски, вклучително и од САД.

  • Во Херсон и Запорожје се замрзнува моменталната линија на фронтот.

  • Русија би се повлекла од некои дополнително договорени области.

  • Украинските сили би се повлекле од дел од Донецка област што сè уште го контролираат.

  • Тој појас би станал демилитаризирана тампон-зона, меѓународно призната како дел од Руската Федерација, во која руските сили не смеат да навлегуваат.

И двете држави би се обврзале дека нема да ги менуваат новите територијални граници со сила. САД би давале безбедносни гаранции за Украина—но тие престануваат да важат доколку Украина ја нападне Русија.

Economist: Со сегашното темпо Русија би ја освојувала Украина повеќе од еден век

Според пресметка на The Economist, ако руската офанзива продолжи со моменталното темпо, на Москва би ѝ требало до јуни 2030 година за да ги заземе Луганск, Донецк, Херсон и Запорожје — а уште 103 години за целосна окупација на Украина.

Весникот наведува дека од мај годинава Русија освоила само 0,4% нова територија и притоа трпи „огромни човечки загуби“. Според нивната мета-проценка, руските жртви до октомври достигнале 984.000 – 1.438.000 луѓе, од кои меѓу 190.000 и 480.000 загинати.

— реклама —

Зелeнски: Украина е пред „еден од најтешките избори во својата историја“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека земјата се соочува со исклучително сложен момент.

„Ова е еден од најтешките моменти во нашата историја. Украина може да се најде пред избор: или загуба на достоинството, или ризик од губење клучен партнер“, рече тој, алудирајќи на САД и нивниот мировен предлог.

— реклама —

Зеленски посочи дека Киев ќе делува брзо, но и дека „националните интереси мораат да бидат зачувани“.

„Ќе соработуваме мирно и конструктивно со Америка и партнерите. Ќе дадеме аргументи, ќе понудиме алтернативи, но нема да му дадеме на непријателот причина да каже дека Украина не сака мир“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 8 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 17 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања