Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Фон дер Лајен: Русија премина уште една црвена линија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
ursula

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, остро реагираше откако руски дрон погоди станбена зграда во романскиот град Галац, оценувајќи дека Москва со овој инцидент преминала уште една „црвена линија“.

— реклама —

Во објава на социјалната мрежа Икс, Фон дер Лајен посочи дека руски напад со беспилотно летало погодил густо населена област во Романија и предизвикал повреди кај цивили на територијата на Европската Унија.

— реклама —

„Руската агресорска војна премина уште една црвена линија. Руски напад со дрон погоди густо населена област во Романија и повреди цивили на територијата на Европската Унија“, напиша Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека Европската Унија целосно стои зад Романија и нејзините граѓани, додавајќи дека Брисел ќе продолжи да ги зајакнува безбедносните и одбранбените капацитети, особено долж источната граница на Унијата.

— реклама —

„Ќе продолжиме да го зголемуваме притисокот врз Русија“, порача претседателката на Европската комисија.

— реклама —

Фон дер Лајен истовремено најави дека Европската Унија веќе работи на подготовка на 21. пакет санкции против Русија, како дел од одговорот на продолжените руски напади и ескалацијата на конфликтот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl2ditbqqbi423czgNAE

Русија отвора берзи за тргување со криптовалути, познат е датумот на почеток

Свет | пред 15 часа

— реклама —
vakcini-332

Првиот пациент третиран со руската вакцина против рак без нови метастази

Свет | пред 1 ден

media-librarycvvojt58f5mr24qiFWf

Руски полковник загина во експлозија на автомобил во Санкт Петербург

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Медински со остра порака: „Секој педаљ руска земја ќе ѝ биде вратен на Русија“

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања