Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Руски полковник загина во експлозија на автомобил во Санкт Петербург

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 39 минути -

Свет
media-librarycvvojt58f5mr24qiFWf

Руски воен полковник загинал во експлозија на автомобил во Пушкинскиот округ во Санкт Петербург, соопшти градскиот Истражен комитет, а пренесуваат руските медиуми.

— реклама —

Според информациите на порталот „Клеш рипорт“, загинатиот бил главен навигатор на 6. армија на руското Воено воздухопловство и противвоздушна одбрана.

— реклама —

Експлозивната направа била поставена под неговото возило и активирана далечински на Колпинскиот автопат, во моментот кога тој излегувал од дворот на станбен комплекс. Полковникот им подлегнал на повредите на самото место. Според украинските медиуми, во близина се наоѓал и член на неговото семејство, кој бил повреден.

Од Истражниот комитет информирале дека истражители и форензички експерти, заедно со оперативните служби, извршиле увид на местото на настанот. Отворена е кривична постапка, а околностите на експлозијата се утврдуваат.

— реклама —

Ова е втор речиси идентичен напад со експлозивна направа поставена под возило, насочен кон висок офицер на руското Воено воздухопловство и противвоздушна одбрана, во истото подрачје во изминатите три месеци.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

kremlj-moskva

Медински со остра порака: „Секој педаљ руска земја ќе ѝ биде вратен на Русија“

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-library1an1sk40d3kge8nXcYm

(Видео) Украина тврди: Русија подготвува уништување на сите стратешки мостови на Днепар

Свет | пред 23 часа

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 1 ден

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања