Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка до ромската заедница по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.
Овој ден претставува важен момент на размислување и вреднување на богатата култура, посебниот идентитет и идентитетот што ромската заедница го градела низ вековите. Тоа е и постојан повик за зајакнување на нашата заедничка посветеност кон еднаквост, инклузија и целосно почитување на човековите права - вели Гаши во честитката.
Претседателот посочува дека ромската заедница е значаен дел од општествениот и културниот мозаик на земјата.
Ја нагласувам одговорноста на институциите за создавање политики и механизми што гарантираат еднакви можности, квалитетно образование, економска вклученост и достоинствен живот за секој граѓанин, без разлика каде припаѓа. Нека овој ден послужи како поттик за продлабочување на соработката, зајакнување на разбирањето и унапредување на вредностите на почит и еднаквост во нашето општество - пишува претседателот на македонското Собрание во честитката.