Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Гаши бара целосно разјаснување за задржувањето на македонските пратеници на „Ќафасан“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
afrim-gashi

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку објава на социјалните мрежи изрази загриженост поради информациите за постапувањето кон пратениците на Собранието на Република Македонија на граничниот премин „Ќафасан“.

Тој истакна дека пратениците се избрани претставници на граѓаните и носители на уставен мандат, поради што секое постапување кон нив треба да биде во согласност со највисоките стандарди на почит и достоинство.

— реклама —

„Пратениците се избрани претставници на граѓаните и носители на уставен мандат. Поради тоа, секое постапување што го засега нивниот авторитет и нивната функција треба да биде во согласност со највисоките стандарди на почит и достоинство што им припаѓаат на избраните претставници на народот“, наведува Гаши.

— реклама —

Осврнувајќи се на односите меѓу Македонија и Албанија, тој нагласи дека очекува случајот целосно и транспарентно да биде разјаснет.

— реклама —

„Имајќи ги предвид традиционално добрососедските, а пред сѐ братските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, верувам и очекувам целосно и транспарентно разјаснување, кое ќе придонесе не само за целосно утврдување на околностите на овој случај, туку и за зачувување на меѓусебната доверба, институционалната почит и духот на соработка што треба да ги карактеризира нашите односи“, порача претседателот на Собранието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhq58mgc7vk766N68MVk

Африм Гаши се сретна со папата Лав XIV во Ватикан – реафирмирани историските и духовните врски

Македонија | пред 2 месеци

gasi-gashi-afrim

Африм Гаши го честита Меѓународниот ден на Ромите: Ромската заедница е значаен дел од културниот мозаик на земјата

Македонија | пред 3 месеци

458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Гаши за случајот со Груби: Крајно време е да престанеме да се мешаме во судството

Македонија | пред 5 месеци

458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Гаши: Собранието ќе работи – пратениците нека најдат начин да дојдат, пеш или порано

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања