„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Агенцијата вели „имало забава“, патниците велат „ќе има тужба“ - патниците кои патуваа со „Ганиќ-Ексклузив“ стигнаа во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
makedonski-turisti-od-istanbul

Вчеравечерта, групата туристи кои поминаа патешествие на патување во Истанбул, се врати во Македонија. Некои од нив посочуваат дека патувале 38 часа откако имаа проблем со автобусот, па тој се поправал со часови, за по нивно инсистирање, да се прати друго возило. Истовремено, гомпанијата „Ганиќ-Ексклузив“ со кои патувале, посочуваат дека непотребно се созадвала негативна слика за нивната агенција, оти сите патници биле расположени и насмеани откако било сменето возилото, до таму што посочуваат дека имало и „забава во автобусите“.

— реклама —

„Дефектот кој настана беше технички и брзо беше надминат. Имаме и видеа и фотографии кои покажуваат дека патниците веднаш по санирањето на проблемот продолжија со патувањето, расположени, насмеани, дури и со музика и забава во автобусите. Сметаме дека е важно јавноста да ја добие вистинската слика, па затоа Ви ги ставаме на располагање сите докази“, велат од компанијата „Ганиќ-Ексклузив“, кои не доставија никакви, какви што велат „докази“.

„Скопје1“ исконтактира со патници од автобусот. Една од нив посочува: „Бевме среќни кога влеговме конечно во Макеоднија, бевме најсреќни и се утше сме што ќе си ги видиме дома најмилите и нема да спиеме на автопат. Групна тужба ќе има од патници спрема агенцијата, зошто вакво нешто никој не смее да доживее“.

— реклама —

Од компанијата, по првата објава на „Скопје1“, се обидоа да извршат притисок да се корегира објавата, со закана за тужба. Нашата редакција одби, и најави, дека институционално ќе го проверува нивното работење по ова случување со патниците кои се враќале од Истанбул. Ова, за сопственикот Армин Ганиќ, било „дополнителен притисок“, па најави некаква судска постапка.

„Ќе ги активираме сите правни механизми за заштита од клевета и нанесена штета врз угледот на Ganic Ekskluziv. Ќе доставиме докази (видеа, фотографии, изјави од патници) до надлежните институции и медиумски тела за да се докаже неточноста на вашиот напис. Ќе бараме одговорност за нанесената штета врз нашата деловна репутација и довербата на нашите клиенти“, стои во доспиот до нашата редакција.

Заплашувањата со т.н. слап-тужби (тужби, маскирани како навреда, клевета или граѓански спорови, сè повеќе се користат за да ги заплашат новинарите), нѐ ја постигнаа целта, па „Скопје1“ побара одговори од МВР и Министерството за транспорт и врски во однос на работата на комапнијата, од каде став во текот на денот, што дословно ќе го пренесеме.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања