Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

(Видео) Македонски туристи поминаа голгота: вчера ги убедуваа да продолжат со автобус за кои тврдеа дека е исправен, сега и сами признаваат дека не бил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
ganikj

Патници од Македонија со страв се враќале кон Македонија по туристичка посета на Истанбул, бидејќи се појавиле проблеми со исправноста на автобусот. Тие тврдат дека возилото постојано прегревало, а возачот морал да застанува за да се олади моторот. Компанијата „Ганиќ-Ексклузив“ за „Скопје1“признава дека имало проблеми со автобусот, иако ако се слушнат снимките може да се воочи дека претходно претставник оттаму ги убедува патниците да продолжат со истото возило. На крајот, поради инсистирањето, пратиле друг автобус, за да ги врати во Македонија.

— реклама —
View this post on Instagram

A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

— реклама —

— реклама —

„Проблемот е решен“, вели патничката Амела во разговор за кој посочуваат дека е со газдата, а тој и враќа: „Решен е проблемот“. Таа потоа му објаснува: „Не е решен, автобусот не е во ред. Не е само цревото. Од вчера свети сијалицата. Немојте да се силите и заканувате многу. Јас ви кажав, сите овде чекаат“.

Од другата страна, газдата им вели: „автобусот е направен“, на што тие враќаат: „Господине, мајсторите кажаа дека автобусот не е исправен! 60 души нѐ дриблате!“.

Според патници, на автобусот прво му паднала пластика од тркало, па почнало да мириса и да има чад. Го поправале со часови, смениле водна пумпа и други делови. Ова траело четири часа.

„За време на враќање од Истанбул за Македонија непредвидено дојде до пукање на црво и загревање на моторот поради што автобусот не можеше да го продолжи патот. Поради пукање на црево патниците не се доведени до никаков ризик, но поради дефектот автобусот не можеше да продолжи на пат кон Македонија. Веднаш испративме друг исправен автобус од Македонија за да ги земеме патниците. Патниците се веќе во автобус и се враќаат за Македонија. Искрено жалиме за непредвидениот дефект што се случи за време на враќање кон Македонија, и поради тоа што патниците мораа да чекаат додека дојде автобусот што тргна од Македонија, сепак се работи за голема релација и повеќечасовно чекање од страна на патниците“, велат во писмениот одговор на компанијата испратен до „Скопје1“.

Патниците ни испратија и снимки на кои се гледа дека автобусот паркиран, и вон-возна состојба. На друга снимка се гледа и чадот кој доаѓа од задниот дел на возилото. Компанијата пак, тврди дека пратиле исправен автобус.

„Патување повеќе од 24 часа, прашање е кога ќе се стигне. Газдата на агенцијата ни спушта телефон, не креваше синоќа“, сведочи патничка попладнево.

Патниците уште патуваат кон Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6cfks07l4u637TSC6de

Македонски и турски војници херои во БиХ: Извлекле две лица од потопено возило

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-librarybd6bmdtu70ns2WTH6zO

Полицијата со едукативни акции против насилство на спортски натпревари

Македонија | пред 1 месец

media-librarydtsn33v95grbeFOmGQz

Мицкоски: Прва европска држава сме со вакво ниво на дијалог со САД

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvouv9thcrv0q1KAQISu

Македонија поразена од Данска, ги загубивме шансите за пласман на Светското првенство

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања