Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Акции на полицијата во Скопје и Струмичко: Одземени марихуана, прашкаста и грутчеста материја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Седум лица биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на повеќе локации во Скопје и Струмичко, откако кај нив била пронајдена дрога, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Како што соопшти МВР, на 21 и 22 јуни во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје на различни локации ги привеле К.Р. (34), А.Р. (19), М.Р. (21), М.К. (37), сите од Скопје, како и Т.Б. (28) од скопското село Волково и А.А. (37) од селото Сингелиќ.

При извршените контроли, кај нив биле пронајдени и одземени грутчеста материја, прашкаста материја и марихуана.

— реклама —

Во одделен случај, на 20 јуни, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода С.К. (33) од струмичкото село Бориево.

— реклама —

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, во дворот биле пронајдени две засадени стебла од растението канабис. Дополнително, лицето доброволно предало уште три стебла канабис, кои, според полицијата, ги засадил на друга локација во атарот на селото Бориево.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 10 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 10 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања