Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Акција во Скопје, по уништувањето на паркови од малолетници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Screenshot-2025-02-17-at-09.14.14

„Заедничка акција низ Скопје, заедно со министерот Панче Тошковски и колегата Горан Герасимовски“, објави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и додава:

— реклама —

Вечерва заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, спроведовме заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје на Скопје и во Кисела Вода. Претходно, одржавме и координативен состанок во полициската станица во Центар за нашите заеднички заложби.

— реклама —

Целта на оваа иницијатива беше да се направи увид на состојбата со присуството на малолетници во доцните часови, да се разговара со нив и да се испрати јасна порака за важноста на превенцијата во борбата против малолетничката деликвенција. Од страна на МВР информираа дека ќе се разгледа и можноста во рамки на системот „Безбеден град”, кој што опфаќа камери на сообраќајници да се надогради со видео надзор на парковите. Оваа активност доаѓа непосредно по едногласното усвојување на иницијативата од страна на ЗЕЛС, а поднесена од Општина Центар, која се залага за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам.

— реклама —

Се залагаме за воспоставување силна меѓуинституционална соработка со цел воведување на општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам. Вечерва, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, имавме можност да ја видиме состојбата на терен и директно да поразговараме со младите. Ова е одличен пример за тоа колку е важна координацијата меѓу локалната самоуправа, МВР и останатите надлежни институции во креирањето ефикасни механизми за превенција и заштита на јавниот ред и мир. Во следниот период, ќе продолжиме со активни чекори за имплементација на усвоената иницијатива, со цел создавање безбедна средина за сите граѓани, особено за младите.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

semafor

Во недела целосно затворање на сообраќајот на крстосницата „Скупи“ – „Љубљанска“ поради поставување нови семафори

Скопје | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryov0odf8fl3qs9AGq5Qa

(Видео) Се запали автомобил во Скопје, нема повредени

Скопје | пред 6 дена

media-libraryakr8f893i28m4pEbYv1

Скопје ќе добие свој „Лувр“ на кејот на Вардар: Сидрото од бродот „Скопје“ ќе биде заштитено со стаклена конструкција

Скопје | пред 6 дена

media-libraryevja69ev8718etrIBWO

(Фото) Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блеска, гордоста на Скопје во нов сјај

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања