Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Акциска контрола во Кичево: приведени музичари кои настапувале во локал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
zabava-skopje

Министерството за внатрешни работи информира дека во координирана акциска контрола во Кичево е поднесена прекршочна пријава против група државјани на Босна и Херцеговина кои изведувале музички настап без да поседуваат соодветни работни дозволи.

Контролата била спроведена во ноќта меѓу 29 и 30 ноември 2025 година од страна на Одделението за внатрешни работи Кичево и Регионалниот центар за гранични работи – Запад, во соработка со Државниот пазарен инспекторат и Државниот трудов инспекторат, согласно претходно изготвен план за засилени проверки во угостителските објекти.

— реклама —

Во еден угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево – Охрид биле затекнати пејачката Џ.Р. (23) и членовите на музички состав К.Џ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), сите државјани на Босна и Херцеговина. При контролата било утврдено дека тие вршеле работа без претходно обезбедена работна дозвола, што претставува прекршок по член 23 став 3 од Законот за странци.

Според член 217 став 1 точка 2 од истиот закон, против нив е поднесена прекршочна пријава до Основниот суд Кичево.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylo58sl2lualj3eQ6hj9

Девет возачи приведени за безобѕирно возење, шестмина биле без возачка дозвола

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-libraryl83rfetao1pedcgre47

18-годишник од Битола фатен како управува мопед без возачка дозвола

Македонија | пред 21 час

media-librarydueb8s6u6i252tkT9B6

Спречен обид за кражба во РЕК Битола, приведени две млади лица

Македонија | пред 21 час

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Приведен 37 годишен маж по пронајдена дрога во неговиот дом

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања