Ако Мицкоски ги отфрли барањата на ССМ - Левица ќе го достави предлогот до Собранието и ќе се мобилизира за протестите, велат од партијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
thumbnail_levica3

“Поради живеењето во раскош и луксуз, Владата на Мицкоски не може да се поистовети со тоа како обичниот работник крпи крај со крај. Власт која троши милиони за храна и алкохол, министри кои со приватни летови одат на партиски прошетки и пратеници кои наплаќаат патни трошоци поголеми од нивната плата - не можат да разберат како работникот преживува во услови на енормно високи сметки и екстремна инфлација секој ден”, вели Левица и додава:

— реклама —

Расипничкото водење на државата од ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, донесе втора највисока инфлација во регионот од 4,9%, што е помеѓу највисока во Европа, каде просекот е 2.5%. Според ДЗС вкупниот раст на трошоците на живот споредено со 2020 е за неверојатни 44,2%. Минималната потрошувачка кошничка е недостижна за семејства со две минимални плати, што доведува до тоа сѐ повеќе луѓе да живеат во екстремна сиромаштија.

— реклама —

Левица уште еднаш ја повикува Владата да излезе од стегите на своите спонзори и да се соочи со фактот во каква беда живее македонскиот работник! Наместо конфронтации и политички обвинувања, Мицкоски да се поистовети со работниците и да го прифати предлогот на ССМ за 500 евра минимална плата. Во спротивно, Левица најавува спремност да го достави предлогот на ССМ до Собранието, но и да ги поддржи најавените работнички протести на кои единствено барање е достоинствен живот.

— реклама —

Воедно, го повикуваме владејачкото мнозинство да ги поддржи предлог-законите на пратеничката група на Левица за воведување на патни трошоци за работниците, исплаќање на плата најдоцна до петти наредниот месец, зголемување на породилното отсуство, како и намалување на цените на патарините за 50%, кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на животот на работниците.

Владата да престане да глуми медијатор помеѓу работниците и поседниците на капитал, затоа што нејзина должност е да обезбеди гарант за егзистенција и достоинствен живот за работниците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања