Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Ако поминете со слушалки или зборувајќи на телефон на пешачки, од 26 септември ќе добиете и казна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-42-5320PM

Од 26 септември стапуваат во сила построги правила за сите учесници во сообраќајот кои наместо на патот вниманието им е насочено кон мобилни телефони, слушалки или други уреди.

— реклама —

Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, пешак кој ќе преминува улица разговарајќи на телефон или со слушалки во ушите ќе биде казнет со 40 евра. За возачите на тротинети, велосипеди, мотори и трактори, казната е уште повисока – 50 евра.

— реклама —

Пешакот е должен да се движи и преминува внимателно, без употреба на електронски уреди кои го одвлекуваат вниманието,“ стои во членот 116-а од законот.

И натаму важи дозволата за половина промил алкохол во крвта, но за возачи со над еден и пол промил казната скока на 375 евра и забрана за возење од девет месеци до една година.

— реклама —

Паралелно, во законот е вметната и основата за целосна примена на системот „Сејф сити“. Камерите кои веќе тестираат прекршоци ќе почнат да издаваат казни од Нова година.

Сепак, за целосно профункционирање на системот останува да се усвои и новиот Закон за прекршоци, како и да се изменат уште три други закони – задача што сè уште не е завршена во Собранието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7sj9fb0s3focEaZRIR

Приведен маж баран со судска наредба, спроведен во затворот во Тетово

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library8skjdshdqgaucEmWe69

Нелегално копале во гостиварско за да најдат злато, четворица лишени од слобода

Македонија | пред 2 часа

media-library61qpmgfaacd59tUJd1h

Двајца тетовци лишени од слобода, осомничени за неколку кражби

Македонија | пред 2 часа

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Малолетник нападнат од група врсници во Аеродром, случајот пријавен во полиција

Скопје | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања