Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Албанците нема да бидат заложници, внесете ги Бугарите во Уставот, бара Беџети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 часа -

Коментари
media-libraryrjjfq9sn31redvDRPwh

Пратеникот од ДУИ, Блерим Беџети, побара итно носење на уставните измени со кои Бугарите би се внеле во Уставот, оценувајќи дека повеќе нема простор за одложување и политички калкулации.

„Уставните измени не можат и не смеат повеќе да чекаат. Немаме бескрајно време. Секој ден без одлука е чекор назад и реална цена за државата и за граѓаните“, изјави Беџети.

— реклама —

Тој посочи дека, според него, регионот се движи напред, додека Македонија останува заглавена во, како што рече, барање оправдувања.

„Ова повеќе не е прашање на време, туку на иднината на нашите деца. Времето на политички калкулации заврши. Албанците немаат време да чекаат и нема повеќе да бидат заложници на политички игри“, нагласи Беџети.

Според него, одлуките мора да се носат веднаш, бидејќи секое одложување ќе има долгорочни последици.

— реклама —

„Ако сакаме да одиме напред како држава, мора да носиме одлуки сега. Уставни измени сега, не утре“, порача Беџети.

Ваквиот став доаѓа во момент кога Владата е претпазлива околу уставните измени, предупредувајќи дека постои ризик од нови блокади во евроинтегративниот процес, додека дебатата за внесување на Бугарите во Уставот останува едно од клучните политички прашања во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrjjfq9sn31redvDRPwh

Блерим Беџети се чуди зошто Антикорупциска реагира на фирмата за градење на неговите деца кои имаат по 19 и 21 година

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
519681974_1328214758986748_119152773283381761_n

Ахмети и Беџети со порака за мобилизација: „Сарај обединет, подготвен за победа“

Македонија | пред 8 месеци

bedzeti

(Видео) Мицкоски смета дека Беџети сака да му покаже мускули, откако му рече: „Да не биде дека ќе влечете за уши, Албанците ќе излезат на плоштад“

Македонија | пред 11 месец

mickoski-bedzeti

(Видео) Беџети од ДУИ и Мицкоски влегоа во „клинч“, се дискутира според кој закон може да се „влече за уши“

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања