ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Блерим Беџети се чуди зошто Антикорупциска реагира на фирмата за градење на неговите деца кои имаат по 19 и 21 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryrjjfq9sn31redvDRPwh

Пратеникот од ДУИ и поранешен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, остро реагира на, како што оценува, обидите во јавноста да се прикаже како „голем скандал“ фактот што неговите полнолетни деца основале фирма регистрирана на законски и транспарентен начин. Според Беџети, станува збор за апсурдна конструкција, во која отворањето компанија од страна на млади луѓе автоматски се претставува како криминал или како најавена злоупотреба.

— реклама —

„Навистина стигнавме до апсурд кога ‘голем скандал’ во државата станало тоа што моите полнолетни деца отвориле фирма законски, транспарентно и преку Централен регистар. Очигледно, најголемиот грев денес е ако млад човек се обиде да стане претприемач, наместо партиски вработен во јавна институција“, наведува Беџети.

Тој посочува дека околу фирма која нема добиено ниту еден тендер, нема склучено договори и нема започнато никаква деловна активност, се создава, како што вели, „драматична приказна“, зад која стојат сензационализам и политички мотиви. Беџети додава дека неговиот наводен „криминал“ се сведува на тоа што со задоцнување од три месеци не го пријавил основањето на фирмата во Државна комисија за спречување на корупцијата.

— реклама —

Според неговото толкување на законот, со оглед дека неговите деца се полнолетни и живеат одвоено, обврската за пријавување не постоела, но доколку Антикорупциската комисија оцени дека сепак требало да биде пријавено, тоа ќе го направи, иако со задоцнување. „Институциите нека работат, а законот нека важи за сите“, нагласува Беџети.

Во својата реакција тој прави и споредба со, како што вели, вистински скандали во државата, наведувајќи случаи на милионски тендери доделени на компании со мал број вработени и договори што завршувале кај лица блиски до нови политички елити, кои, според него, остануваат надвор од фокусот на јавноста.

Претходно, Радио Слободна Европа објави дека компанијата „ВЕ-ИНВЕСТ ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје“, регистрирана за изградба на станбени и деловни објекти и основана во септември 2025 година од децата на Беџети, станала предмет на интерес на ДКСК. Според податоците од Централниот регистар, како сопственик е заведена 21-годишната Ељма Беџети, додека управител е нејзиниот 19-годишен брат Валон Беџети, а седиштето на фирмата се наоѓа во стан во сопственост на нивниот дедо.

Од Антикорупциската комисија потврдија дека по сопствена иницијатива отвориле предмет за проверка, потсетувајќи дека избраните и именуваните лица имаат обврска да пријават зголемување на имотот на членовите на семејството над одреден законски праг. Беџети, пак, повтори дека станува збор за фирма која нема никаква деловна активност и дека, и покрај регистрираната градежна дејност, не планира изградба на објекти.

Случајот се развива во период кога против Беџети веќе се води и посебна постапка поврзана со изградба на објект во Сарај, што тој во повеќе наврати го оценил како политички мотивиран процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

519681974_1328214758986748_119152773283381761_n

Ахмети и Беџети со порака за мобилизација: „Сарај обединет, подготвен за победа“

Македонија | пред 5 месеци

bedzeti

(Видео) Мицкоски смета дека Беџети сака да му покаже мускули, откако му рече: „Да не биде дека ќе влечете за уши, Албанците ќе излезат на плоштад“

Македонија | пред 8 месеци

mickoski-bedzeti

(Видео) Беџети од ДУИ и Мицкоски влегоа во „клинч“, се дискутира според кој закон може да се „влече за уши“

Македонија | пред 9 месеци

toskovski-bedzeti

(Видео) Беџети го праша Тошковски кој ја држел „Пулс“ отворена, министерот му врати дека ДУИ управувале со Министерството за економија

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања