Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Албанската опозиција се распаѓа, тврди ВЛЕН: „НАИ/ДУИ е најголемата политичка заблуда во последните години“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryhb04ksaevr2232Vspet

Албанската опозиција се наоѓа во состојба на целосна дезинтеграција, оценуваат од ВЛЕН, според кои денешната ситуација потсетува на „стар шатор што се распарчува при првиот посилен ветер“. Движењето нагласува дека долго време предупредувало дека коалицијата НАИ е нестабилна конструкција, создадена без вистинска политичка основа.

— реклама —

Во нивното соопштение се наведува дека НАИ е „најголемата политичка заблуда во последните години“, коалиција составена „со селотејп“, чија цел не била интересот на Албанците, туку исполнување на лични амбиции, маскирани со идејата за референдум.

— реклама —

Отворените несогласувања, турбуленциите и повлекувањата од коалицијата, велат од ВЛЕН, се доказ дека проектот бил креиран без стабилна визија. Како пример ги наведуваат заминувањата на Мендух Тачи, Арјанит Хоџа, Кренар Лога, како и одлуката на Зијадин Села да се повлече.

— реклама —

„НАИ не успеа ниту еден ден да функционира како вистинска опозиција. Денес структурата се распаѓа буквално пред јавноста, член по член и бројка по бројка. Оваа криза не му штети само на самиот политички субјект, туку и на целиот систем, оставајќи ги граѓаните без кредибилна алтернатива“, наведуваат од ВЛЕН.

— реклама —

Во заклучокот се додава дека Албанците заслужуваат стабилни и чесни политички понуди, а не „експерименти што се растураат како недовршени конструкции“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања