Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Албанската полиција со солзавец ги растера демонстрантите пред парламентот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library95279p65c48756Klqmm

Албанската полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите кои денеска протестираа пред парламентот во Тирана, откако дел од нив фрлаа јајца и брашно кон полицајците и пратениците, пренесува Ројтерс.

Според албанските медиуми, во судирите биле повредени тројца полицајци и еден демонстрант.

— реклама —

Протестот се одржа непосредно пред почетокот на парламентарната седница. Додека пратениците влегувале во зградата на парламентот, демонстрантите ги гаѓале со јајца, а полицијата возвратила со употреба на водени топови и солзавец.

— реклама —

Бранот протести започна пред повеќе од еден месец поради најавената изградба на луксузен туристички комплекс зад кој стои Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Во меѓувреме, протестите прераснаа во пошироко незадоволство поради градежните проекти долж албанското крајбрежје.

„Протестираме затоа што бараме транспарентност. Сакаме да ја заштитиме природата. Владата е корумпирана“, изјави демонстрантот Аслан Доѓани.

— реклама —

Протестите претставуваат нов предизвик за премиерот Еди Рама, кој е на власт од 2013 година. Дел од јавноста ја обвинува неговата влада за неуспех во борбата против корупцијата и за слабости во јавните услуги, особено во здравствениот систем.

Рама на социјалната мрежа Икс порача дека „убавиот протест на граѓаните, патриотизмот и чистотата сега му отстапил место на стариот филм на судири, поделби и насилство“.

Организаторите најавија нов протест за задутре.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library362ucteqq34kcKqKHyw

(Видео) Крвав инцидент во САД: Едно лице загина, осуммина ранети во пукање пред стадион

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

САД издадоа итно предупредување за можен напад врз музеј и парк во Москва

Свет | пред 23 часа

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Удар за администрацијата на Трамп пред изборите: Судот забрани притисоци врз изборните службеници

Свет | пред 1 ден

media-libraryiv4ibsq218v9ckoGtY7

САД ја откажаа заедничката фотографија на министрите од Г20 поради присуството на Лавров

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања