Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Албанскиот амбасадор, Мејдани: Студентите бараат достоинство, а не привилегии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryjf6jvu5jtq2scX6F1kK

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани, реагираше преку социјалните мрежи по информациите дека албански студенти биле задржувани, доцнеле и биле заплашувани додека патувале кон Македонија за да дадат поддршка на правото за полагање на правосудниот испит на албански јазик.

— реклама —

Во својата објава, Мејдани оценува дека кога студентите се спречуваат мирно да изразат солидарност за едно јазично право, прашањето престанува да биде само процедурално и станува тема што го засега демократскиот дух и европските вредности на регионот.

— реклама —

Тој посочува дека студентите од Тирана не патувале за конфликти, туку за граѓанска солидарност и поддршка на, како што наведува, елементарно право – можноста да се полага и да се работи професијата на мајчин јазик.

— реклама —

„Овие млади луѓе не бараат привилегии. Бараат достоинство, еднаквост и почитување на основните права“, наведува Мејдани.

— реклама —

Во реакцијата тој додава дека барањето за достоинство не смее да се доживува како закана, особено во држави кои имаат европски амбиции и сакаат иднината да ја градат врз принципите на демократијата, еднаквоста и човековите права.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykfobcf20epl52LLXVSH

Практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик, тврди Мицкоски

Македонија | пред 20 минути

— реклама —
media-libraryv6a3pt44u66i5NAg5Lp

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Македонија | пред 2 дена

media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

Правосудниот испит ја разгоре политичката расправија: ЗНАМ се заканува со напуштање на Владата, албанските партии му порачаа на Димитриевски дека Врање е блиску

Македонија | пред 4 дена

media-librarykfobcf20epl52LLXVSH

Правосудниот испит во кој се симулира судски процес ќе се полага само на македонски јазик, тврди Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања