„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Алдина можеше сѐ“! Фудбалскиот судија ѝ го одзеде животот на младата економистка од Босна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library8g9i55tfq5atfoyLa6A
ФБ

Алдина Јахиќ (32), економистка и истражувачка од Калесија, е жената што беше убиена во Мостар од нејзиниот поранешен партнер, фудбалскиот судија Анис К. (33). Трагедијата се случи во саботата вечер, во момент кога Алдина се обидувала да избега во угостителски објект во центарот на градот.

— реклама —

Според истрагата, Анис ја следел од автобуската станица, го паркирал автомобилот на околу педесетина метри од ресторанот и влегол по неа. Девојката се засолнила во тоалетот, но тој ја пронашол и пукал кон неа од непосредна близина. Полицијата пристигнала за две минути, но веќе било предоцна.

Обвинителката Весна Прањиќ потврди дека Алдина претходно добивала закани од поранешниот партнер, но не поднесла пријава, верувајќи дека заканите нема да преминат во насилство.

— реклама —

Во моментот на нападот, таа била на пат кон фитнес-салата. „Тој ја пресретнал, физички ја нападнал и ѝ вперил пиштол. Таа избегала кон хотелот и се обидела да се сокрие, но тој ја следел и ја усмртил“, рече Прањиќ.

Анис К., активен судија во Првата лига на Федерацијата БиХ и син на поранешен фудбалер на „Вележ“, неодамна легално регистрирал пиштол, тврдејќи дека добивал закани поради судиската работа. По убиството се обидел да се самоубие, но оружјето закочило. Приведен е веднаш на местото на злосторството.

На социјалните мрежи продолжуваат емотивни пораки за Алдина. Економистот Адмир Чавалиќ напиша:
Тешко е да се најдат зборови за нечија смрт. Уште потешко е кога таа личност е помлада од тебе, студентка, некој што те нарекувал ментор. Од првите едукации, организирање на настани, меѓународни патувања, читање една, две, три, педесет книги, па сѐ до пишување заеднички научни трудови и глобални проекти. Деценија работа и раст. Кога гледаш како студент учи, работи, се развива во силна личност. Таа личност беше Алдина Јахиќ, „филозоф“, како што ја нарекував.

Филозофот вечерва се обиде да побегне од насилникот, будалата, некаква кревка сенка без кичма. Но безуспешно — куршумот беше побрз.

Алдина можеше да организира настан за 1.000 луѓе, да напише десетици трудови, да говори пред преполна сала во странство, течно на англиски, да зборува за БиХ и да се шегува. Можеше сѐ. Така ја гледав. Но вечерва не успеа да избега.

Оди понатаму, драга филозофке.
Рахмет на босанската душа. Искрено сочувство до семејството Јахиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ci4vlv47sf3fGDmWWq

(Видео) Турскиот државјанин го призна убиството во центарот на Штип: пукал оти се бранел, не го планирал ама шетал со оружје без дозвола

Македонија | пред 6 дена

media-libraryug1skbfgbr15eHb0NSS

Покрената истрага и побаран притвор: Октирено како мажот и партнерката од гостиварско го сториле грозоморното убиство

Македонија | пред 1 седмица

crna-gora-policija

Безживотни тела на маж и жена пронајдени во заклучен стан во Никшиќ, двојно убиство во Црна Гора, се трага по сторителoт

Свет | пред 2 седмици

media-librarygh60gmt9ar5daHAJ3Jt

Илија Панов – Јапан осуден на 16 години затвор за убиството на Сузана во Кавадарци

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања