„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Александар Поповски со мариборскиот „Амадеус“ гостува во МНТ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Магазин
media-librarymqij4mhs40o6dlNUzbY

На сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски.

— реклама —

Претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот драматург, сценарист и романописец, добитник на многубројни престижни награди. Најпознатата драма на Шафер, „Амадеус“, првпат била изведена во 1979 година, а светска слава стекнала благодарение на истоимениот филм на Милош Форман (1984). Во своето најпознато дело, Шафер ги сумира историските околности и создава прецизни психолошки профили на протагонистите. Драмата е напишана во стилот на ретроспективна драматургија, што овозможува широки епски режисерски решенија и бројни можности за врвни актерски остварувања.

„Амадеус“ се темели на митот за животот и меѓусебното ривалство на композиторите Волфганг Амадеус Моцарт и Антонио Салиери. Шафер црпи инспирација од кратката драма на Александар Пушкин „Моцарт и Салиери“ од 1830 година.

— реклама —

Во претставата играат: Алеш Валич, Жан Копривник, Јулија Клавжар, Давор Херга, Матија Стипанич, Матевж Бибер, Катарина Барбара Крњак, Софиа Тики, Тина Ројко, Ева Млакар Поштрак и Борис Каваца – глас.

Нашиот Александар Поповски, покрај тоа што ја потпишува режијата на гостинската претстава „Амадеус“ е и уметнички директор на мариборската Драма.

За Поповски, фасцинантна е врската меѓу уметноста и семоќниот создавач на световите. „Тоа на некој начин го потврдува феноменот Моцарт, кој својата музика ја транскрибирал – без преписи, без корекции. Она што го слушнал во својата глава го преливал на хартија. Барем така го замислил Шафер генијалниот Моцарт, иако тоа не е чиста вистина, лично за мене, божественото инспирирање, кое го добива уметникот е многу значајно. И верувам во него. Во мојот живот музиката отсекогаш имала посебно место. Меѓу сите уметности, таа е несомнено највозвишена, бидејќи само преку еден сигнал, нота или тон, отвора други светови. Во музиката нотата е или точна или погрешна. Нема средина. Интересен ми е моментот во драмата кога Салиери сфаќа дека преку музиката на Моцарт го слуша Божјиот глас. Со страв сфаќа дека Бог има друг избраник и му се спротивставува.“, вели македонскиот режисер Поповски.

 Во креативниот тим се потпишуваат: Вања Магиќ – сценограф, Марита Ќопо и Миа Поповска – костимографи и Росана Хрибар – кореограф.

 Билетите се пуштени во продажба онлајн, како и на билетарницата во МНТ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4imssnjrbtj86ID4aPt

МНТ со „Кец на десетка“ ќе гостува во Кичево

Магазин | пред 1 час

media-librarygpc9o2npphfqbHHfHEz

„Кец на десетка“ со 100-та изведба во МНТ

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryfjm33ho73a3lbEr13lo

Финале на роденденската прослава на МНТ со „Од другата страна“ – претстава меѓу лицето и опачината

Магазин | пред 3 седмици

media-libraryqpm5c4m907kcdREJDa2

Наследството на Томаж Пандур живее: Наградуваната монодрама „Безгрешна“ на сцената на МНТ

Магазин | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања