Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

МНТ: Кирил Поп Христов остави значаен белег во македонската култура, вечна му слава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 часа -

Магазин
media-libraryflq410hlaef45ZIPaDn

Македонскиот народен театар се простува од актерот Кирил Поп Христов (1967–2026), долгогодишен член на ансамблот. Дипломирал на ФДУ во Скопје во 1989, а во МНТ работел 1993–2014 и повторно од 2018, оставајќи силен печат со бројни улоги. Покрај богата театарска кариера, оствари значајни филмски и ТВ улоги („Бал-кан-кан“, „Панкот не е мртов“, „Скопје Ремиксд“ и др.) и серии. Беше и композитор на филмот „Судијата“ (2002). МНТ изрази сочувство до семејството и колегите.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Денес се простуваме од нашиот долгогодишен член на ансамблот - Кирил Поп Христов (1967 – 2026), театарски, филмски и телевизиски актер. Нашиот Кили, велат од Македонскиот народен театар.

— реклама —

Дипломирал на на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 година. Од 1993 до 2014 година, работи во МНТ, а во 2018 г повторно се враќа на истата сцена, оставајќи значаен белег во институцијата како дел од актерскиот ансамбл.

 Во текот на богата театарска кариера оствари бројни улоги во претстави на сцената на МНТ. Помеѓу нив се: Дон Хусман во „Свадбата на Фигаро“ (2011), Антинор во „Троил и Кресида“ (2010), Пејач во „Мара/Сад“ (2008), Мик во „Домар“ (2004), Крсто во „Ослободување на Скопје“ (2002), Џиги во „Павилјони“ (1999), Џокер Мори Шербијак во „Бетмен – враќањето на црниот витез“ (1999), Осман бег во „МКС“ (1995), Микољка во „Злосторство и казна“ (1994), Стево во „Бунт во домот за старци“ (1994), Срета во „Народен пратеник“ (1993), Јохансон во „Соната на сеништата“ (1992), Александар Македонски во „Крик“ (1991), Ѓурко во „Зора на истокот“ (1991), Принцот Едвард во „Ричард Трети“ (1990), Петар во „Гнев Божји“ (1990), Илија во „Антица“ (1988), Еди во „Луди за љубов“ (1988), Мишка во „Ревизор“ (1987), Пијанистот во „Баал“ (1987), како и улогите во „Ревизор“ (2006), „Буре барут“ (1994) и „Рави“ (1989).

 Покрај улогите на театарската сцена, Поп Христов оствари значајна кариера и на филм и телевизија. Се вбројуваат улогите во филмовите „Еј“ (2018), „Скопје Ремиксд“ (2012), „Панкот не е мртов“ (2011), „Самитот на шаманите“ (2006), „Бал-кан-кан“ (2005), „Збогум на дваесетиот век“ (1998), „Преку езерото“ (1997), „Нечиста крв“ (1996), „Македонска сага“ (1993), „Тетовирање“ (1991), како и телевизиските филмови „Марика лета со авион“ (1988) и „Пикасо“ (1987). Учествуваше и во повеќе телевизиски серии, помеѓу кои: „Досие Скопје“ (2000), „Во светот на бајките – Трите светски камења“ (1995), „Македонски приказни – Христос и комарџијата“ (1992), „Трст виа Скопје“ (1990) и „Бумбари“ (1989). Покрај актерската работа, Кирил Поп Христов беше и композитор на филмот „Судијата“ (2002), чиј автор и режисер е Жанета Вангели.

Со својата долгогодишна работа на сцената на Македонскиот народен театар и со бројните улоги во театарот, филмот и телевизијата, Кирил Поп Христов остави значаен белег во македонската култура. Македонскиот народен театар сочувствува со болката на семејството, пријателите и колегите. Вечна му слава!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4imssnjrbtj86ID4aPt

МНТ со „Кец на десетка“ ќе гостува во Кичево

Магазин | пред 1 седмица

media-librarygpc9o2npphfqbHHfHEz

„Кец на десетка“ со 100-та изведба во МНТ

Магазин | пред 3 седмици

media-libraryfjm33ho73a3lbEr13lo

Финале на роденденската прослава на МНТ со „Од другата страна“ – претстава меѓу лицето и опачината

Магазин | пред 1 месец

media-libraryqpm5c4m907kcdREJDa2

Наследството на Томаж Пандур живее: Наградуваната монодрама „Безгрешна“ на сцената на МНТ

Магазин | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања