Финале на роденденската прослава на МНТ со „Од другата страна“ – претстава меѓу лицето и опачината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Магазин
media-libraryfjm33ho73a3lbEr13lo

Заокружувањето на роденденската програма на МНТ е закажано за 4 април, кога ќе биде изведена претставата „Од другата страна“ во продукција на Црногорско народно позориште од Подгорица.

— реклама —

 Режисер на претставата е Борис Лијешевиќ. Драматургијата е на Стела Мишковиќ и Стефан Бошковиќ. Улогите ги играат: Александар Радуловиќ, Лазар Ѓурѓевиќ, Кристина Обрадовиќ, Зоран Вујовиќ, Нада Вукчевиќ, Тихана Ќулафиќ, Жана Гардашевиќ Булатовиќ, Бранка Оташевиќ, Мирјана Спаиќ, Јован Дабовиќ, Јелена Ненезиќ, Јована Брновиќ, Јелена Миниќ, Горана Драгаѓевиќ, Радмила Божовиќ, Јулија Милачиќ Петровиќ Његош, Анѓела Маруновиќ, Ана Вујошевиќ, Јадранка Мамиќ и Данило Челебиќ.

— реклама —

 Претставата ги поставува прашањата: „Што ни се случува?“, „Како дојдовме до ова?“, „Каде залутавме?“ и „Како се излегува од ова?“

— реклама —

 Војната на клановите одзема десетици млади животи. Коцкарници се отвораат во поранешни библиотеки и културни центри, обложувалници покрај гимназии. Дрогата како состојка од бабината книга со рецепти. Црногорските морнари – синоним за кокаински ланци. Човечкиот живот вреди само онолку колку што може да се наплати. Човекот е во канџите на мафии, босови, дилери и лихвари. Тие стануваат авторитети, идоли и persona grata. Единица мерка за успех во животот е милионот. Се надеваме дека нема да нè закачи залутан куршум или експлозија наменета за кој знае кого. Децата навреме ќе заминат во странство и ќе се извлечат одовде.

 „„Од другата страна“ е приказна за време во кое Бог е синоним за пари, а молитвата – стекнувањето. За време, кое не избира средства. За исцрпување на должникот до последниот цент. За човек, кој повеќе не го гледа човекот. За човек кој го заборава постоењето. Приказна за време, кое го изгубило лицето и повеќе не прави разлика меѓу лице и опачина.“, вели режисерот Борис Лијешевиќ.

Не можеме да ги затвораме очите пред фактот дека организираниот криминал навлезе во секоја клетка на општеството, дека ги разорува семејствата и дека сите ние, свесно или несвесно, станавме запчаници во тој механизам.

„Начините на кои човекот e вовлечен во ваков систем се различни, а жртви на тој систем сме сите ние. Не поставуваме прашања за спас, не нудиме одговори, туку едноставно прикажуваме една застрашувачка слика на современото време. Сè додека не собереме сила да ја испиеме „црвената пилула“, не ни преостанува ништо друго освен да живееме во овој матрикс.“, вели драматургот Стела Мишковиќ.

 Непријателот повеќе не е скриен. Го видовме, го разбиравме, а потоа и го прифативме. Оттогаш се брише границата меѓу паралелните реалности – онаа што ја живееме и онаа за која мислиме дека се одвива далеку од нас.

„Низ сите пукнатини на системот, извртената верзија на вредностите си го пронаоѓа патот и станува доминантен водич, кој ја структуира целокупната реалност. Реалноста потоа се претвора во театар, граѓаните во актери и статисти.“, вели драматургот Стефан Бошковиќ.

 Во чест на првата претстава во Македонскиот народен театар, изведена на 3 април 1945 година, мината година, театарот одбележа 80 години од постоењето. Годинава продолжи одбележувањето на јубилејот и на 81 година од постоењето. Роденденот на МНТ беше одбележан со македонски сценски спектакл, каде беше степенувана важноста на ансамблот на МНТ и претстави од македонски автори, кои оставија достоинствен белег во институцијата. Годинава пак, прославата се надоврза на таа традиција, со ново проширување — рецентни меѓународни гостувања и настапи на светски познати уметници, како сведоштво за континуитетот и современата визија на театарот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqpm5c4m907kcdREJDa2

Наследството на Томаж Пандур живее: Наградуваната монодрама „Безгрешна“ на сцената на МНТ

Магазин | пред 1 ден

media-librarymqij4mhs40o6dlNUzbY

Александар Поповски со мариборскиот „Амадеус“ гостува во МНТ

Магазин | пред 2 дена

media-library0a5i8iogrv8231QY641

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ ќе ја одигра претставата „Црнила“ на сцената во МНТ

Магазин | пред 1 седмица

12

Претставата „12“ вечерва на Охридско лето

Охрид | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања