Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Алијанса на Таравари ќе го обжали „Безбеден град“ пред Уставен: Не се почитуваат правата на Албанците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари остро реагира на начинот на кој владејачката коалиција ВМРО-ВЛЕН-ЛЕВИЦА го спроведува проектот „Безбеден град“, оценувајќи дека станува збор за селективна примена што го крши Законот за јазиците и создава сериозен економски товар за граѓаните преку, како што велат, непропорционални казни.

— реклама —

Од ова политичко крило посочуваат дека примената на проектот отвора низа правни, социјални и уставни прашања, кои директно се одразуваат врз секојдневниот живот и благосостојбата на граѓаните. Според нив, проблематично е и тоа што официјалната комуникација со јавноста, вклучително и известувањата и санкциите што произлегуваат од системот „Безбеден град“, не се спроведува со почитување на јазичните права на граѓаните Албанци.

— реклама —

„Ова претставува директно кршење на Законот за јазиците и на уставните принципи врз кои се темели мултиетничката и демократска држава“, реагираат од таборот на Арбен Таравари, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да обезбедат еднаков и недискриминаторски пристап кон сите граѓани.

— реклама —

Крилото на Алијансата за Албанците дополнително бара итно преиспитување на висината на казните и на прагот на толеранција, со цел мерките за сообраќајна безбедност да не се претворат во тежок финансиски притисок за семејствата. Тие сметаат дека селективната примена на проектот само во одредени градови е неправедна и дискриминаторска, поради што најавуваат дека ќе го оспорат Законот за прекршоци пред Уставниот суд, со цел заштита на правата на граѓаните и обезбедување еднаквост пред законот.

Во меѓувреме, на неколку дена пред официјалното пуштање во употреба на системот „Безбеден град“, надлежните институции ги спроведуваат последните технички проверки. Денеска, во скопската населба Автокоманда, на излезот од градот кој со години се смета за една од најризичните сообраќајни точки, беше извршено тестирање и верификација на радарите и камерите за мерење на брзината на движење на возилата. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информираше дека утврдените отстапувања се минимални и дека системот е подготвен за ставање во функција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryktj4dfoq9ddibTN8JhD

(Видео) Страв од „Сејф сити“: Брза помош заглавена на раскрсница кај „Мавровка“

Скопје | пред 6 дена

media-libraryuorm5rg4lhh68fwu8X9

Скопје лидер по прекршоците од „Безбеден град“: регистрирани 12.073 казни

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

476 приговори за „Сејф сити“ за еден месец во Кривичен суд, најмногу се за брзина, црвено светло и нерегистрирани возила

Македонија | пред 3 седмици

20180506_040611-1

Вчера за првпат „Сејф сити“ не регистрирл прекршок за минување на црвено светло

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања