Промени тема
Контакт

Алиу: До јуни на Клинички ќе имаме катни гаражи коишто ќе можат да се користат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
Screenshot-2025-03-06-at-16.07.19

Министерот за здравство Азир Алиу најави изградба на три катни гаражи на Клиничкиот центар Мајка Тереза.

„Бидејќи катните гаражи нема да бидат цврста градба, градбата ќе биде брза и автоматски ќе имаме паркинг места којшто ќе може да ги користат нашите граѓани. Според првичните анализи од експертите, архитекти и градежни инженери, ние до јуни ќе имаме катни гаражи коишто ќе можат да се користат. Бројот на катни гаражи максимум ќе бидат три, идејата е да имаме слободни паркинг места колку што ни се потребни, направена е анализа според последните три години колку се користи, пикот е негде од 10 до 15 часот во Клиничкиот центар“, вели Алиу.

— реклама —
— реклама —

Тој исто така најави дека целиот простор ќе биде уреден со зеленило, со пешачки патеки, со брза патека за брза помош, и дека ќе се отвори уште еден нов влез кај кардиологија и кардиохирургија, се со цел да може тој да биде посебен за пациенти на којшто секој момент им е значаен за нивниот живот.

— реклама —

„Ќе има три локации, ако одите сега ќе видите дека модуларната веќе е при крај, ако не е веќе завршена. Таму ќе биде еден простор за катна гаража, до гинекологија вториот простор за катна гаража и кај што е хелиодромот третиот простор за катна гаража. Динамиката од која ќе почнат ќе зависи од ЈП Градски паркинг. Битно ни е да почне прво хоризонталната инфраструктура. Тој проект ќе биде многу значен за нас. Мене би ме значело многу како граѓанин, ако можам од дома да резервирам паркинг простор и да знам на кој број, на кое место ќе се паркирам. Оставивме Град Скопје да дефинира која катна гаража, колку спрата ќе има, најверојатно најголемата ќе биде до инфективна, бидејќи и просторот е најголем и има посебен влез. Втората идеја беше тој дел да биде само за вработените, да имаат посебен паркинг простор од пациентите и граѓаните, но тоа оставам на експертите, бидејќи навистина тие знаат како тоа подобро може да се менаџира“, додаде Алиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc99q0d0ltp5gbjw7EbF

Известен и обвинител: Мотоциклист заврши на Клинички со тешки повреди по сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Скопје | пред 3 месеци

— реклама —
klinikimajka-tereza

Инцидент на Клинички: Пациент два пати се обидел да прегази вработена со автомобил

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryk9t3t2uq9oi8aPckOwo

Договорот е потпишан: Скопје ќе гради две катни гаражи кај Клиничкиот центар, инвестиција од 3 милиони евра

Скопје | пред 6 месеци

media-librarylg565806789g19HjcTV

Алиу најави паметен паркинг систем на Клинички: Резервации и уплати преку мобилна апликација

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања