Триесет и седумгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера утрото во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јуни во 08:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот „Борис Трајковски“, улицата „Трајко Иванов“ и сервисната улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (65) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Л. (37) од Скопје.
Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.